Дописници Денеска во Охрид се отвора поставката „Златото на Лихнитида“

Денеска во Охрид се отвора поставката „Златото на Лихнитида“

Министерката за култура на РепубликаМакедонија, Елизабета Канческа-Милевска, денеска, во 11 часот, во Куќата на Уранија во Охрид, ќе се обрати на свеченоста по повод промоцијата на постојаната музејска поставка „Златото на Лихнитида“.

Во соопштението се вели дека поставката што се наоѓа во Музејот на Робевци содржи повеќе од 400 златни и позлатени предмети, откриени на археолошките локалитети во Охрид и во Охридско, со хронолошка припадност од 7 век пред нашата ера, па сè до 19 век.