Македонија Денеска во 17 часот прва средба на „Родителски пленум“

Денеска во 17 часот прва средба на „Родителски пленум“

Денеска во 17 часот, на платото на скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, „Родителски пленум“ ќе има прва средба. Како што е наведено во поканата на фејсбук-страницата, родителите замолуваат сите да дојдат без партиски обележја и ставови.  „Родителски пленум“ го сочинуваат родители на средношколци и на студенти кои се дел од двата пленума. Тие бараат да се стави крај на лошите образовни реформи, а повикаа и на потпишување на петицијата за поддршка на „Средношколски пленум“.

„Сите четири пленуми (студентски, професорски, средношколски, наставнички) се залагаат за темелни, издржани и усогласени реформи во образованието, како единствен и комплетен процес, од најниско до највисоко ниво. Нема причина „Родителски пленум“ да отстапи од овој став. „Стоп“ за лошите реформи во образованието на сите нивоа!“, порачуваат од „Родителски пленум“.