Македонија Денеска топло со температура до 34 степени

Денеска топло со температура до 34 степени

Денеска во Македонија времето ќе биде претежно сончево и топло, со пораст на максималната дневна температура во однос на вчерашната. Ќе дува слаб североисточен и северозападен ветер. УВ-индексот ќе биде 8.

Дневната температура ќе се движи од 23 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и потопло отколку вчера, со слаб северен ветер и со дневна температура до 32 Целзиусови степени.

И во наредните денови времето ќе биде сончево и топло со повисока дневна температура од таа во изминативе денови. Во текот на викендот дневната температура ќе достигне и до 38 Целзиусови степени.