Македонија Сончево време со температура до 33 степени

Сончево време со температура до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 9, а температурата ќе се движи од 23 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево, со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 31 Целзиусов степен.

Следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура, која до средината на наредната недела на повеќе места ќе надминува 35 Целзиусови степени, а во југоисточниот дел од земјата ќе достигне и 39 Целзиусови степени.