Македонија Денеска температура од 39 степени

Денеска температура од 39 степени

Времето денеска ќе биде ведро, сончево и многу топло со УВ-индекс 9. Ќе дува повремен слаб до умерен ветер.

Максималната дневна температура долж Повардарието ќе биде околу 39 Целзиусови степени и околу 41 степен по јужниот тек.

Во Пелагонија максималната температуриа ќе биде околу 34 Целзиусови степени, а 33 степени во охридско-преспанскиот крај.

Во Скопје и во околината се очекува сончево време со мала облачност. Максималната температура ќе достигне вредност околу 39 Целзиусови степени.

И наредните три дена времето ќе биде сончево и многу топло, со температура до 40 Целзиусови степени.