Македонија Денеска сончево време, утре дожд и снег

Денеска сончево време, утре дожд и снег

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер. За утре, пак, се очекуваат нови врнежи од дожд и снег на планините.

Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури, кои од недела и во првите денови од следната недела на места ќе го надминат 20-тиот степен.

Температурите денеска ќе се движат од 7 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер. Максималната температура ќе изнесува 11 Целзиусови степени.