Македонија Денеска сончево време со температура до 16 степени

Денеска сончево време со температура до 16 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер, претежно од јужен правец. Температурата ќе се движи од 11 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, со температура до 14 степени.

До крајот на неделава ќе продолжи периодот на стабилно и суво време. В петок и за време на викендот на повеќе места ќе има значителна облачност, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Нов влажен бран се очекува в понеделник.