Македонија Денеска сончево и топло време – викендов уште потопол

Денеска сончево и топло време – викендов уште потопол

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи од шест до 13, додека дневната од 21 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време со температура до 27 Целзиусови степени.

УВ-индексот ќе има вредност 8.

Метеоролозите најавуваат зголемување на температурите во следните три дена. Според прогнозите, живата на термометарот ќе се искачи до 30 Целзиусов степен.