Македонија Денеска сончево и топло време, со температура до 25 степени

Денеска сончево и топло време, со температура до 25 степени

Времето денеска во целата земја ќе биде сончево и малку потопло, со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Дневните темепратури ќе се движат во интеревалот од 14 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, со темература до 24 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде малку до умерено облачно, во средината на денот и попладне со локален дожд, претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.