Македонија Сончево и топло, со температура до 37 степени

Сончево и топло, со температура до 37 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Попладне е можна појава на локална нестабилност, претежно во планинските региони, проследена со пороен дожд и со грмежи.

Утринската температура е во интервал од 10 до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи меѓу 31 и 37 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер.

Максималната дневна температура се очекува да достигне 35 Целзиусови степени.