Македонија Денеска сончево и потопло време

Денеска сончево и потопло време

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 7 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината ќе биде променливо облачно со температура до 11 Целзиусови степени.

Утре ќе има јужно воздушно струење кое ќе донесе умерено облачно време со повремени сончеви периоди и максимална температура од 7 до 15 Целзиусови степени.

В среда и в четврток се очекува облачно време со врнежи од дожд и засилен ветер, а на планините и на повисоките места од 1.000 метри со врнежи од снег. Максималната дневна температура ќе се движи од 4 до 12 Целзиусови степени.

В петок ќе настапи преодна стабилизација и пад на утринската температура, а максималната дневна ќе се движи од 6 до 14 Целзиусови степени.