Македонија Денеска собраниска седница за пратенички прашања

Денеска собраниска седница за пратенички прашања

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 55. седница на која на дневен ред се поставување пратенички прашања.

Седница за поставување пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот. Пратениците ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите според вообичаената практика. Па така први за поставување пратенички прашања се пратениците од опозициските партии.