Македонија Денеска со повремени врнежи од дожд

Денеска со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска, според Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија (УХМР), ќе биде значително облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава, каде се очекува тие да бидат пообилни. Ќе има и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Утринскара температура се движи од 6 до 12 Целзиусови степени, додека дневната ќе биде во интервалот од 10 до 22 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време, со утринска температура околу 11 Целзиусови степени и дневна до 18 степени.

Утре претпладне на запад сè уште ќе има услови за локален дожд, а од четврток времето ќе биде стабилно, со умерен јужен ветер и со значителен пораст на температурата.