Македонија Денеска се одбележува Денот на слободата на медиумите

Денеска се одбележува Денот на слободата на медиумите

Во светот денеска се одбележува Денот на слободата на медиумите, за која се оценува дека е на најниско ниво во последните 12 години.

Во повеќе земји ќе се одбележи со меѓународна акција „Пет минути громогласна тишина“, за да се предупреди јавноста на сè потешката положба на новинарската професија.

Во последниот извештај на „Фридом хаус“ се наведува дека во 2015 година од 199 земји и територии во светот, една третина имаат слободни медиуми, додека во 66 отсто нема слободни медиуми.

Светскиот ден на слободата на медиумите е прогласен од Генералното собрание на ОН во 1993 година.