Македонија Денеска променливо облачно време со слаб дожд

Денеска променливо облачно време со слаб дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, сончеви периоди ќе има во источните делови на земјата, додека во западните, синоптичарите прогонозираат услови за слаб локален дожд.

Претпладнe, во одделни котлини ќе има слаба магла, а кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежи ќе ја зафатат целата територија на земјата, но претежно ќе бидат со слаб интензитет. Врнежите ќе бидат позастапени во западните делови, а на повисоките планини ќе бидат од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер. Максималната температура ќе се движи од 5 до 12 Целзиусови степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува слаб дожд. Маскималната температура ќе достигне 7 Целзиусови степени.