Македонија Денеска променливо облачно, со температура до 38 степени

Денеска променливо облачно, со температура до 38 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а се очекуваат и повремени локални и краткотрајни врнежи од дожд, особено во планинските подрачја. Според синоптичарите, денеска времето ќе биде малку посвежо во споредба со претходните денови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Утринската температура се движи во интервал од 14 до 21 Целзиусов степен, а максималната дневна темепратура ќе достигне од 33 до 38 степени. УВ-индексот ќе биде со вредност 8.

Во Скопје се очекува слично време, односно променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Максималната дневна темепратура во главниот град ќе достигне до 36 Целзиусови степени.