Македонија Денеска променливо облачно, со температура до 21 степен

Денеска променливо облачно, со температура до 21 степен

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во северните делови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од север правец, кој повремено ќе засилува долж Повардарието.

Утринската температура се движи од 9 до 14 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје се очекува слично време, односно променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од северен правец. Максималната дневена температура во главниот град ќе достигне до 18 Целзиусови степени.