Македонија Денеска променливо облачно, со температура до 11 Целзиусови степени

Денеска променливо облачно, со температура до 11 Целзиусови степени

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд во претпладневните часови, а на планините ќе провејува слаб снег. Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура се движи од минус 1 до 4 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 6 до 11 степени.

Во Скопје се очекува слично време, претпладне променливо облачно со слаб дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 11 Целзиусови степени.