Македонија Денеска променливо облачно со повремени сончеви периоди

Денеска променливо облачно со повремени сончеви периоди

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди во западните делови од земјата, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура се движи од -2 до 5 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно, со повремени сончеви периоди и со слаб ветер од северозападен правец. Максималната дневна темепратура во главниот град ќе се искачи до 11 Целзиусови степени.