Македонија Денеска променливо облачно, од недела дожд

Денеска променливо облачно, од недела дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно наместа со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Утре времето ќе биде значително облачно со појава на магла по котлините. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 7 до 13 Целзиусови степени.

В недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи од дожд ќе има во западните делови. Дневните температури ќе се движат од 9 до 14 Целзиусови степени.