Македонија Денеска продолжение на судењето за „Пуч“

Денеска продолжение на судењето за „Пуч“

Судењето во случајот „Пуч“ денеска продолжува, а на обвинителна клупа треба да седне лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Според најавите, тој нема да се појави на судското рочиште.

Заев не дојде на суд и на претходното рочиште, закажано на 5 август, а судијката Љубинка Башеска соопшти дека на Заев ќе му биде испратена нова покана за да се јави на закажаното рочиште.

Доколку лидерот на опозицијата повторно не се појави, судот ќе одлучува околу негово евентуално приведување.

Лидерот на опозицијата уште на почетокот од јули, кратко по соопштувањето на терминот за почетокот на главниот претрес за „Пуч“, на прес-конференција соопшти дека не го признава и нема да ја почитува одлуката на судот за случајот „Пуч“.

Тој тогаш соопшти дека нема да ја почитува мерката на претпазливост што му ја одреди судот, секој понеделник да се јавува во струмичкиот суд, како и дека нема да се јавува на закажаните рочишта по предметот.