Македонија Денеска претежно сончево, со температура до 12 степени

Денеска претежно сончево, со температура до 12 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево, со појава на слаба магла во утринските часови. Ќе дува слаб ветер од југоисточен и од југозападен правец.

Утринската температура се движи од -6 до 0 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје се очекува слично време, со појава на магла во утринските часови, а во текот на денот ќе биде претежно сончево. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 9 Целзиусови степени.