Македонија Денеска потопло време со мала облачност

Денеска потопло време со мала облачност

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од 18 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Температурата ќе достигне до 23 Целзиусови степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6.