Главна секција Почнува судењето за „Диво Насеље“

Почнува судењето за „Диво Насеље“

Судскиот процес за случувањата во Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, за кој се обвинети 29 лица, почнува денеска во 10 часот, во Основниот суд Скопје 1. Пред почетокот на судењето, забележано е силно полициски обезбедување со полициски возила и со хеликоптери.

На јавната седница за оцена на обвинителниот акт, која се одржа на 7 декември минатата година, сите 29 обвинети за тероризам се изјаснија дека се невини за делата за кои се товарат.

Адвокатите на одбраната тогаш дадоа приговор, побараа изземање на јавното обвинителство и истакнаа дека надлежноста над овој предмет треба да ја преземе Специјалното јавно обвинителство, а сите списи да ѝ бидат предадени на специјалната обвинителка, Катица Јанева, бидејќи, според нив, овој предмет произлегува од незаконското следење на комуникациите.

Во настаните во Диво Насеље на 9 и на 10 мај минатата година, загинаа осум припадници на специјалните полициски единици, а 37 беа повредени.

Во борбите со полицијата беа убиени 10 припадници на криминално-терористичката група, а 28 се предадоа и беа уапсени.