Македонија Денеска облачно време со дожд

Денеска облачно време со дожд

Во текот на денот во Македонија ќе има променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои повеќе ќе бидат застапени во западните, источните и југоисточните делови на државата.

Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а попладне ќе го смени правецот во источен и североисточен и повремено ќе се засилува.

Највисоките температури ќе се движат од 12 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе претежно облачно со повремени врнежи од дожд и ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе се засилува. Највисоката дневна температура ќе достигне до 16 Целзиусови степени.

Утре и задутре ќе има обилни врнежи од дожд, кои наместа се очекува да надминат и 60 л/м2. Локално, особено на југ, ќе има услови за пороен дожд и грмежи. В петок врнежите ќе бидат со умерен интензитет и во текот на денот ќе престануваат.