Македонија Денеска облачно со врнежи од дожд, локално над 30 литри на метар...

Денеска облачно со врнежи од дожд, локално над 30 литри на метар квадратен

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има доцна попладне и во текот на ноќта кон петок, а локално ќе наврнат и над 30 литри на метар квадратен. На некои места ќе биде нестабилно облачно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 16 Целзиусови степени, додека дневните ќе достигнат од 18 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, со температури од 13 до 26 Целзиусови степени.