Македонија Денеска облачно со услови за слаб снег

Денеска облачно со услови за слаб снег

Денеска времето во Македонија ќе биде умерено, а во северните делови од земјата до значително облачно, со услови за провејување слаб снег. Ќе дува умерен, до повремено засилен ветер од северозападен правец, особено во југоисточните делови од земјава.

Утринската температура се движи од минус 9 до минус 3 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 2 до 11 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време, со умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 3 Целзиусови степени.