Македонија Денеска облачно со повремен дожд

Денеска облачно со повремен дожд

Есен

Во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 11 Целзиусови степени, а дневната од 13 до 17 степени.

Во Скопје се очекува слично време, претежно облачно со слаба магла. Во вечерните часови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне 15 Целзиусови степени.