Македонија Денеска нова седница на Анкетната комисија

Денеска нова седница на Анкетната комисија

Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето денеска треба да ја продолжи седницата на чиј дневен ред е сослушување на сведоците што ги предложија партиите.

Според јавно изнесениот распоред на претседателот на комисијата, Петре Шилегов, денеска пред членовите треба да се појават министерот за финансии, Зоран Ставрески, и советникот на премиерот, Мартин Протоѓер. Но, Ставрески вчера информирал дека не може да се појави на сведочењето денеска.

Вчера, требаше да сведочи премиерот Никола Груевски, но десетина минути пред почетокот на седницата, од ВМРО- ДПМНЕ со соопштение информираа дека Груевски нема да се појави на седницата и дека ќе сведочи на 14 декември.