Главна секција Денеска нов обид за усогласување на ставовите за изборното законодавство

Денеска нов обид за усогласување на ставовите за изборното законодавство

По еден ден пауза, денеска, во Клубот на пратеници, се очекува да продолжат разговорите за изборното законодавство и за избирачкиот список.

Како што најавија вчера членови на опозицијата, денеска се очекува странците да достават готова верзија на изборниот законик, а партиите да се изјаснат.

Иако од партиите информираат дека поголемиот дел прашања се затворени, тие сè уште не можат да постигнат согласност околу прашањето за гласањето на дијаспората и околу начинот на гласање во Државната изборна комисија.

Засега договорено е ДИК да има поголеми надлежности, јавност во одлучувањето, а жалбените постапки да одат во Управен суд.

Од опозицијата информираат дека избирачкиот список ќе биде целосно прочистен теренски, а дополнително ќе се проверува и со вкрстување на базите на податоците од институциите. Оттаму велат дека меѓународната заедница барала, ако не се договори гласањето на дијсапората, само за овие избори таа да се изземе од гласање.