Главна секција Денеска нов обид за собраниска расправа за законот за јазиците

Денеска нов обид за собраниска расправа за законот за јазиците

Денеска во Собранието, во 12 часот ќе продолжи 32. седница на која како осма точка е ставена расправата за Законот за јазиците.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вчера ја прескокна оваа точка, бидејќи како што рече, немало технички услови за расправата.

Тој информираше дека собраниските служби не ги обработиле и превеле 35.569 амандмани поднесени од опозицијата.

Претходно, на оваа седница ќе се гласа по точките кои се однесуваат на составите на собраниски органи, тела, комисии, делегации, совети и комитети.