Македонија Денеска лидерска средба со Бејли и со Орав

Денеска лидерска средба со Бејли и со Орав

Денеска во Клубот на пратеници ќе се сретнат лидерите на четирите најголеми партии: Зоран Заев од СДСМ, Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА.

Лидерите ќе седнат на маса заедно со Џес Бејли, амбасадорот на САД, и со Аиво Орав, шеф на Мисијата на ЕУ во Македонија.

Иницијатори на оваа средба се претставниците на меѓународната заедница за да почне дијалог за решавање на политичката криза.