Македонија Денеска ќе се одлучува за мандатите на пратениците

Денеска ќе се одлучува за мандатите на пратениците

Комисијата  за мандатно-имунитетни и деловнички  прашања денеска ќе решава за опозициските мандати. Според деловникот, членовите на комисијата треба да донесат предлог дали пратениците кои шест месеци не се појавиле во Собранието се оправдано или неоправдано отстутни.

Според правилата, собранискиот спикер потоа треба да го стави предлогот на дневен ред на првата наредна собраниска седница.

За да се одземе пратенички мандат, потребно е 82 пратеника да гласаат „за“.