Македонија Утре ќе се додели државната награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин“

Утре ќе се додели државната награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин“

Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ утре (21 декември) ќе ја додели истоимената награда за остварување во областа на публицистиката и на новинарството од интерес на Македонија, во Свечената сала на Собранието во 12 часот.

Добитници на наградата се Аљуш Камбери во областа на публицистиката и Тони Димков за остварување во областа на новинарството.