Македонија Денеска ќе биде доставен извештајот за редовност на пратениците во Собранието

Денеска ќе биде доставен извештајот за редовност на пратениците во Собранието

Генералниот секретар на Собранието на Република Македонија, на денешната координативна средба, треба да го достави извештајот за редовност на пратениците.

Се очекува претседателот на Собранието и координаторите на пратеничките групи да го достават овој извештај до Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, која во рок од 15 дена треба да донесе заклучок и да предложи тој да биде ставен на дневен ред на собраниска седница.