Главна секција Денеска ќе бидат засадени 2,6 милиони садници на 550 хектари

Денеска ќе бидат засадени 2,6 милиони садници на 550 хектари

Денеска, во рамките на акцијата „Ден на дрвото“, ќе бидат засадени  2,6 милиони садници на 550 хектари, информираше директорот на ЈП „Македонски шуми“, Жарко Караџовски.

Тој истакна дека годинава во акцијата најмногу акцент е ставен на најзагадените градови, односно на Скопје (околу обиколницата), Битола, Кичево и на Тетово.

Во Скопје ќе бидат засадени околу еден милион садници.

Градоначалникот Коце Трајановски на вчерашната прес-конференција истакна дека дел од садниците ќе им бидат доделени и на граѓаните.