Стефковски: Засадени нови 3200 садници на дел од Скопска Црна Гора

Фото: Фејсбук профил на Бобан Стефковски

Општина Гази Баба во соработка со  Здружението на граѓани Treebanks, Македонски шуми, Шумарски факултет и Јавното комунално претпријатие ГАЗИ БАБА 2007, денес организираше акција за пошумување на дел од падините на Скопска Црна Гора во месноста наречена Сарачево, во непосредна близина на  населено место Раштак.

На акцијата учествуваа градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, претседателот на Советот Дијана Илиевска, пратеникот во Собранието Зоран Коцевски, членови на Советот на општина Гази Баба, вд директорот на ЈКП Гази Баба Добри Петров, здруженија на граѓани и голем број на жители од општина Гази Баба.

Градоначалникот Стефковски информираше дека во рамките на акцијата насадени се 3200 садници од листопадни видови на дрвја- јасен и багрем.

„Оваа иницијална акција на Општина Гази Баба е само почеток на поголем проект со крајна цел озеленување и пошумување на цело ерозивно подрачје на територија на Општина Гази Баба. Секое засадено дрво, значи еден нов прочистувач на воздухот“, нагласи Стефковски.