Македонија Денеска главно сончев ден, од утре температура и до 20 степени

Денеска главно сончев ден, од утре температура и до 20 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северозападен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 10 Целзиусови степени, најстудено ќе биде во Маврово со дневен максимум до 4 степени, а најтопло ќе биде во Дојран каде температурата ќе достигне 14Целзиусови степени.

И во наредните три дена времето ќе биде сончево со мала облачност и со минимална температура од минус 3 до 5 Целзиусови степени. Максималната дневна температура ќе достигне од 13 до 20 Целзиусови степени.