Македонија Денеска е ден на жалост во Кавадарци

Денеска е ден на жалост во Кавадарци

Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, донесе одлука денешниот ден да биде прогласен за ден на жалост во градот, поради трикратното убиство што се случи во неделата.

На денот на жалоста, знамињата во општина Кавадарци ќе бидат истакнати на половина копје, а сите закажани културни и спортски манифестации се одложуваат.

Угостителските објекти кои се на територијата на Општина Кавадарци денеска ќе емитуваат класична музика.

На градските гробиштата во Кавадарци, денеска ќе бидат погребани Илија, Билјана и Снежана Леови, кои во неделата попладне, во нивната семејна куќа, беа убиени од нивниот зет.