Македонија Денеска ќе се одржи лидерска средба за одложување на изборите

Денеска ќе се одржи лидерска средба за одложување на изборите

Денеска во 12 часот, во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе почне лидерската средба, на која ќе присуствуваат претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои ќе разговараат за одложување на изборите.

На лидерската средба е најавено присуство на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши,  претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи. На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.

Претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски вчера побараа одложување на изборите поради состојбата со корона вирусот.