Култура Денеска почнува филмскиот фестивал во Тетово

Денеска почнува филмскиот фестивал во Тетово

Четвртото издание на филмскиот фестивал „Watch out“ ќе се одржи во Тетово од 26 до 29 мај во амфитеатарот на Меморијалната куќа на комунистичката партија во Тетово. За фестивалот имало пријавено повеќе од 150 апликации од пет континенти, а жирито одбрало 32 филма кои ќе бидат прикажани во четирите фестивалски дена.

Фестивалот го организира Центарот за балканска соработка „Лоја“ од Тетово, со поддршка на Гете-институтот во Скопје и на Амбасадата на САД во Македонија.

Филмовите што конкурираат се поделени во четири категории: кратки играни филмови, анимирани, експериментални и документарни.

За време на фестивалот ќе има и работилница, на која ќе имаат можност да учествуваат и локални уметници и ќе биде реализирана од Скип Блумберг.