Македонија Демонстрантите во Велес преку транспаренти порачаа „Никогаш повеќе ваква власт“

Демонстрантите во Велес преку транспаренти порачаа „Никогаш повеќе ваква власт“

Со транспаренти „Никогаш повеќе ваква власт“, демонстрантите во Велес на масовен протест побараa оставка од претседателот Ѓорге Иванов, за, како што велат, срамниот обид за аболиција на врхушката од власта, пишува „Нова ТВ“.

Тие, исто така, барале да се почне процес за избор на експертска влада, која ќе го подготви теренот за вистински слободни, веродостојни и демократски избори.

За утре, освен во Скопје, се најавуваат протести и во другите градови во земјава.