Македонија Делегација од Советот на Европа во посета на Македонија

Делегација од Советот на Европа во посета на Македонија

Делегација на надзорната комисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска ќе престојува во посета на Македонија.

Во составот на делегацијата се очекува да бидат Штефан Шенах, претседател на Комисијата за надзор, Роберт Валтер, известувачот за Република Македонија, и Андреас Грос, претседател на Групата на социјалисти.

За време на посетата, делегацијата од ПС на Советот на Европа ќе се сретне со претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски, а ќе оствари средби и со шефот на македонската делегација во ПС на СЕ, Александар Николоски, како и со членовите на собраниските комисии за уставни прашања и за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.