Македонија Делегација на СДСМ се сретна со известувачот за Република Македонија во Европскиот...

Делегација на СДСМ се сретна со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл

Делегација на СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев, се сретна со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл.

Претседателот Заев изразил подготвеност за унапредување на досегашната соработката и му посака успешна работа на новиот известувач.

Во името на СДСМ, но и на сите граѓани на Македонија, претседателот Заев се заблагодарил за поддршката на Европскиот парламент за Република Македонија.

На средбата се разговарало за предизвиците со кои се соочува Република Македонија во процесот на европските интеграции.

Европратеникот Вајгл истакнал дека интеграцијата на Република Македонија во ЕУ ја смета за приоритет. Тој најавил продолжување на пријателската помош и на поддршката за Република Македонија за земјата да ги достигне потребните стандарди за членство во ЕУ.