Македонија Делегација на СДСМ положи цвеќе на вечното почивалиште на Глигоров

Делегација на СДСМ положи цвеќе на вечното почивалиште на Глигоров

По повод четиригодишнината од смртта на првиот претседател на независна и суверена Република Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ, предводена од потпретседателот Дамјан Манчевски, денеска положи цвеќе на неговото вечното почивалиште.

– СДСМ и сите граѓани на Македонија, со пиетет се сеќаваат на достигнувањата што претседателот Киро Глигоров ги оствари за државата – се вели во соопштението на партијата.