Македонија Делегација на Град Скопје положи цвеќиња на гробот на Гоце Делчев

Делегација на Град Скопје положи цвеќиња на гробот на Гоце Делчев

Делегација на Градот Скопје, предводена од секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски, положи цвеќиња на гробот на Гоце Делчев, во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Во црквата „Свети Спас“ беше одржана панихида на Македонската православна црква по повод 144-годишнината од раѓањето на еден од најголемите македонски херои и идеолог на македонската револуционерна борба.