Uncategorized Делчевец осомничен за фалсификување оти го искинал пасошот

Делчевец осомничен за фалсификување оти го искинал пасошот

Регионалниот центар за гранични работи Исток, поднел кривична пријава против Р.Т. (32) од Делчево, кој е осомничен за фалсификување личен документ.

Како што информираат од полицијата, осомничениот кон средината на минатиот месец самиот отишол во канцеларијата за странци и реадмисија во Делчево и поднел барање предвреме да му биде заменет пасошот.

Полицајците, по извршениот преглед на патната исправа, утврдиле дека од неа недостигаат неколку страници, за што осомничениот изјавил дека самиот ги искинал од револт бидејќи неколку дена предходно, на граничниот премин Делчево, не му бил дозволен излез од државата поради сомнеж дека е можен барател на азил.