Економија Дел од вработените во „Макпетрол“ примиле плата

Дел од вработените во „Макпетрол“ примиле плата

Вработените во „Макпетрол“ примиле плата пред крајот на работниот ден и тоа на оние кои имаат трансакциски сметки во Комерцијална банка, дознава „Мета“ од неофицијални извори.

Исто така, неофицијално, плата добиле и вработените од другите компании на „Макпетрол“, „Оилко“ и „Телма“.

Иако се обидовме, не добивме официјален став од компанијата за исплатата на плати на вработените.