Македонија Дел од осомничените за случувањата во Куманово, одбиле да дадат исказ

Дел од осомничените за случувањата во Куманово, одбиле да дадат исказ

Шестмина од осомничените за случувањата во Куманово кои се наоѓаат во притвор во Шутка, денеска пред јавниот обвинител одбиле да дадат исказ, пишува „24 Вести“. Осомничените не сакале да проговорат бидејќи не им биле презентирани доказите со кои располага обвинителството и на тој начин се прекршува постапката, тврди нивниот адвокат Насер Рауфи .

Одбраната и досега реагираше зошто толку е одолжена постапката, а по разговорите со дел од уапсените, таа изрази и сомнеж дека тие се жртви на вработени во УБК. Уапсените, кои се осомничени за тероризам, ќе дадат исказ откако тие и нивната одбрана ќе направат увид во доказите.

Испрашувањето на осомничените во обвинителска истрага доаѓа по повеќе од два месеци откако тие беа уапсени во полициската акција на 9 мај во кумановско Диво Насеље.