Свет Европа Дефектот во украинската нуклеарна централа не е закана за регионот

Дефектот во украинската нуклеарна централа не е закана за регионот

Украинските власти синоќа соопштија дека минатата недела се случил инцидент во нуклеарната централа „Запорижја“, на југоистокот на земјата, но дека тоа не претставува никаква закана за емисија на радиоактивни материи, како ни за сигурноста на регионот.

– Не постои никаква опасност. Инцидентот се случил во третиот реактор на нуклеарната централа „Запорижја“, во системот за излез на електрична енергија, но не е поврзан со реакторот. Станува збор за краток спој – соопшти украинскиот министер за енергија, Володимир Демчишин.

Краткиот спој се случил во петокот, што предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија во соседните региони, влошувајќи ја енергетската криза во земјата.

– Нема емисија, нема проблеми со реакторот. Инцидентот не е поврзан со реакторот. Сите напори се насочени кон поправка на дефектот – рече Демчишин и најави дека централата в петок би требало повторно да работи со полн капацитет.